0 коментари 2 мин. читање 4 февруари, 2014

Facebook го слави 10-тиот роденден заедно со вас

Звучи неверојатно, но 29-годишниот Марк Закерберг го прославува десетиот роденден на својата компанија која започна како студентски дневник во 2004-та, а денес е најголемата друштвена мрежа во светот со над една милијарда корисници. За да го прослави својот роденден со корисниците, мрежата стартува „A look back“ видео со кое може да си ги прегледате најубавите моменти (или 15 слики) од вашето Facebook искуство. Видеото е лично, и можеби тоа го прави да биде и носталгично за моментите кои поминаа, и радосно за моментите кои доаѓаат. Според основачот Закерберг, такви моменти ќе има уште.

„Ние се грижевме повеќе за поврзување на светот отколку другите. И се грижиме за тоа и денес.“, вели Закерберг. „Затоа и сум повеќе возбуден за следните десет години, отколку за тие што изминаа. Првите десет години беа за градење на мрежата, а сега имаме ресурси за да им помогнеме на луѓето ширум светот да си ги решат уште поголемите и поважните проблеми“.

[youtube]AWoBAjovHT4[/youtube]

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top