0 коментари 2 мин. читање 4 февруари, 2014

Американските власти одобрија систем за комуникација помеѓу автомобилите

Новите автомобили во САД наскоро ќе треба да доаѓаат со технологија која ќе им овозможува меѓусебна комуникација. Технологијата ќе им помага на возачите и ќе овозможи да се намали бројот на сообраќајни незгоди, вели регулаторот од Одделот за транспорт. Технологијата која се тестира ги известува возачите за ситуациите во кои можат да избегнат незгоди, но барем засега одлуката и возењето сè уште е во рацете на луѓето. Сепак технологијата овожува возачот да биде целосно свесен за ситуацијата околу возилото.

„Vehicle-to-vehicle може да им помогне на возачите да ги избегнат сообраќајните незгоди во дури 70-80 отсто од случаите. Потенцијалот на оваа технологија е навистина огромен.“, вели Секретарот за транспорт, Антони Фокс.

Информациите кои ги разменуваат возилата не можат да се користат за идентификување на возилото, туку само имаат основни безбедносни податоци. Системот е заштитен во неколку нивоа за корисниците да бдат сигурни дека пораките доаѓаат од останатите возила. Вака формиранaта мрежа ќе овозможува современ систем за заштита од судари и ќе го олесни возењето во конвои. Возилата покрај светлосната информација истовремено ќе можат да испраќаат и податоци за брзината на возилото пред автомобилот, но и на возилото зад автомобилот.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top