0 коментари 1 мин. читање

Facebook го претстави Messenger Lite, наменет за послабите уреди и побавен интернет

Најголемата друштвена мрежа претстави нова верзија на Messenger наменета за корисниците на основни Android телефони. За почеток апликацијата ќе биде достапна во Кенија, Тунис, Малезија, Шри Ланка и Венецуела. Во следните месеци ќе биде достапна и глобално.

Целта е да се покријат корисниците во државите со побавен мобилен интернет, кои имаат постари или основни уреди. До неодамна ова беше можно со користење на мобилната веб страница, но за жал Facebook, се одлучи да го затвори овој канал.

„Повеќе од 1 милијарда корисници од целиот свет секој месец го користат Messenger. Со Messeger Lite ќе можат да останат во контакт, без разлика на мрежата или на ограничувањата во слободниот простор на уредот. Messenger Lite е креирана да им овозможи на луѓето исто искуство, без разлика на технологијата која ја користат“.

Новата апликација е само 10MB и побрзо стартува. Овозможува слично искуство како и основната апликација, па корисникот може да испраќа: слики, линкови или налепници.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

Нема коментари. Отвори форумска тема и започни ја дискусијата.

Најави се и отвори тема

Напишаното ќе остане зачувано во овој прелистувач.

Мени
Заедница
Изглед
To top