0 коментари 2 мин. читање 30 јуни, 2014

Апликација на денот: Daily ќе ви понуди интересна содржина за читање и споделување

Daily е бесплатна iOS апликација од Buffer за откривање на содржина. Апликацијата прикажува различни наслови кои може да ги споделите на друштвените мрежи, како Twitter, Facebook, LinkedIn или Google+. За жал, нема избор кога се насловите во прашање, па ќе го читате тоа што го сугерира Buffer. Според нив, интересната содржина не треба да биде лесна за пронаоѓање, па тие ќе ви помогнат да ја најдете. Tоа што може да одберете се темите за маркетинг, дизајн, lifehacking, инспирација и бизнис. Daily се уште не нуди содржина од Facebook, но може да се логирате преку имејл или Twitter профил.

Апликацијата овозможува едноставно управување со содржините – повлекувате со прст преку екранот налево ќе го избрише постот, додека повлекување на десно ќе ја сподели содржината со вашите пријатели. Апликацијата е дел од Buffer услугата и доаѓа во пар со основната функција. Daily наликува на повеќе слични апликации, пред се, на апликацијата за закажување состаноци Tinder, па дури и се реламираат како Tinder за содржини.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top