Facebook ги условува брендовите да се рекламираат

Facebook најавува нови промени во News Feed кој ќе им овозможат на корисниците почесто да добиваат објави од своите пријатели, а поретко од страните на брендовите кои ги следат. Целта на News Feed е да ви прикаже содржини кои се важни за вас, oд вашите пријатели. Тоа што не го кажува Facebook е дека брендовите ќе мора да се рекламираат за да добијат иста публика како до сега.

„Ова значи дека треба да ви прикажеме комбинација на објави од пријатели, јавни личности, издавачи, компании и организации во зедницата со кои сте поврзани. Ова е разлилни за секој и во зависност од тоа што корисниците најчесто сакаат да видат. Бидејќи се повеќе луѓе и страни споделуваат содржини мора да го избалансираме News Feed за да биде подобар“, вели Facebook.

Отсега во алгоритамот со кој се пресметува кои постови да бидат прикажани за корисниците, повисоко ќе се оценуваат постовите од пријателите отколку постовите од страните. Дополнително за сите корисници кои имаат помалку пријатели, а со тоа и пристап до помалку содржини се враќа можноста за иста објава да биде прикажана неколкупати.

Сепак новиот News Feed не е добра вест за сите, брендовите мора да внимаваат и да објавуваат интересни содржини или да се соочат со намалување на содржините кои друштвените мрежи им ги презентира на корисниците. Второто решение е поедноставно, но и понепопуларно плаќање за реклами, што пак за корисниците значи повеќе промовирани постови, кои се понеинтересни за корисниците.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments