Facebook ги претстави подобрените листи за пријатели

во Друштвени мрежи

За една недела сите 700+ милиони Facebook корисници ќе можат полесно да си ги организираат пријателите во листи со што полесно ќе се контролира со кого се споделуваат статуси и фотографии. Идејата за подобрените листи е можеби украдена од Google+ Circles, но сепак е одлична новина со кое се враќа чувството дека споделувате со пријателите.

Како што се очекуваше, Facebook најави три новини:

  • Smart lists – ова се листи кои се автоматски полнат со пријатели зависно од поврзаноста, пример, листа за пријатели од исто школо, ист град, работа или фамилија. Иако се полнат автоматски, сепак ќе може рачно да се додаваат и тргаат пријателите од овие листи.
  • Close Friends и Acquaintances list– ова се листи кои корисникот ги полни сам со најблиските пријатели и луѓето кои ги познава. Ќе има опција со која на корисничкиот ѕид ќе се појавуваат само статустите и фотографиите на пријателите од листата. Ќе има и посебни нотификации за активностите на пријателите од овие листи. Интересно, кога ќе се сподели статус со пријателите кои се во листите, тие ќе можат да ги видат имињата на другите. Според Facebook, ова им дава повеќе „контекст“ на пријателите со цел да разберат дека тој статус е споделен само со најблиските пријатели и да се охрабрат да коментираат.
  • Better Suggestions – ова се однесува на предлози од Facebook за додадвање пријатели во листите.

Лисите имаат за цел да помогнат при споделувањето на содржина, статуси и фотографии со луѓе со кои корисникот сака. Денес секој има над 200, 300, па и над 1.000 пријатели на Facebook, и може да биде незгодно да се сподели фамилијарна фотографија или статус за близок пријател без да го видат сите тие луѓе. Листите го ограничуваат тоа споделување и даваат поголема контрола.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
makedonec
makedonec
14 years ago

Dali znae nekoj zaso mi se vrati stariot chat?

види ги сите огласи на kariera.it.mk