0 коментари 2 мин. читање 2 јули, 2014

Samsung Galaxy S5 Mini ќе почне да се продава во Русија, потоа ширум светот

Samsung повторно ќе излезе со помала верзија на својот Galaxy S уред. Според првите информации „мини“ на Samsung Galaxy S5 доаѓа со 4.5-инчен екран со резолуција од 720х1280. Иако за најголем дел од телефоните 4.5-инчен дисплеј доаѓа на стандардните верзии, за Samsung тоа во последно време не е доволно голем екран. Дел од промените, според очекувањата, доаѓаат во процесорот, па Samsung Mini нема да го има Snapdragon 801 и ќе доаѓа со четири јадрен процесор на 1.4GHz. Остатокот од хардверот исто така доаѓа „разводенет“: камерата е еден од деловите кој е послаб така од 16 МР е намалена на 8МР; на удар се најде и RAM меморијата која на мини ќе биде 1.5 GB; слободниот простор на мини е 16 GB; намален е и капацитетот на батеријата од 2.800 на 2.100 mAh.

Иако хардеверот на телефонот е послаб дел од функционалноста на Galaxy S5 остануваат и на Samsung Galaxy S5 Mini. Така останува мониторот за работата на срцето, скенерот на отпечатоци на прсти, индексот на заштита останува IP67. Телефонот е еден од ретките кој ќе биде достапен најпрво во Русија па потоа во остатокот на светот. Цената е засега непозната, а во Русија е најавен за излегување во јули.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top