0 коментари 1 мин. читање

Дневно се активираат 900.000 Аndroid телефони

Не планирам да си одам од Google, ги негира шпекулациите Анди Рубин главниот за Android во твит во кој додаде „Ох, и да го довршам мимот има околу 900.000 Android уреди кои се активираат секој ден“.

Бројката на дневната активација на Android звучи импресивно. Не за џабе мобилната платформа на Google полека станува најголема во светот. Но, ова е всушност и успорување на растот. Претходно, во февруари, г. Рубин рече дека има 850.000 дневни активации, што значи дека за околу пет месеци има пораст од 50.000 активации. Но, за споредба, во последните шест месеци од 2011 година, активациите пораснаа од 500.000 во јуни на 800.000 илјади.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед
To top