0 коментари 2 мин. читање 12 декември, 2013

Facebook додаде автоматско стартување на видео во фидот за вести

Facebook eкспериментира со автоматско стартување на споделените видеа кој се стартуваат на мобилните апликации, и наскоро на веб верзијата, првин пиша TechCrunch, а потоа потврди друштвената мрежа.

Автоматското стартување постепено станува достапна за сите корисници, а неговата цел е да ги навикне корисниците на идните видео реклами. Опцијата функционира само за видеата кои се закачени на Facebook или кои се споделени преку Instagram, во сопственост на Facebook. Ваквото ограничување ќе може да ги мотивира корисниците и брендовите да закачуваат видеа директно на мрежата, наместо само да споделуваат линкови од YouTube.

Како што може да се види од видеото подоле, видеата стартуваат автоматски додека го скролате фидот, но се без звук, се додека не кликнете на нив. Ако се покаже видеото како успешен експеримент, можно е да видиме и анимирани гифови, чија поддршка е вградена во друштвената мрежа, но сè уште не е стартувана. Тоа што е сигурно е што видеата ќе бидат користени како уште една можност за вметнување реклами во фидот на корисниците, и секако за зголемување на профитот.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top