0 коментари 2 мин. читање 12 декември, 2013

Elder Scrolls Online ќе стартува во април за PC, подоцна и за конзолите

Bethesda конечно ја објави датата на излегување на Elder Scrolls Online, 4.4.2014 година е датумот кога љубителите на популарниот серијал ќе го дочекаат неговото шестто продолжение, но овој пат во MMORPG верзија. Интересно иако играта ќе добие и верзија за конзолите, сепак првите неколку месеци ќе биде ексклузивна за PC, а конзолите ќе мора да се стрпат до јуни.

Засега е познато дека играта ќе има три фракции, a откриени се и четири класи и дел од механиката на играта. Иако Bethesda е позната по креирањето на огромни светови, а книгите кои се напишани за TES-серијалот можат да наполнат библиотеки, останува констатацијата дека компанијата досега нема работено на ММО. Сепак игрите од серијалот Elder Scrolls не воодушевуваа секој пат досега, па додека не видиме доказ кој ќе не убеди во спротивното, ќе продолжиме да го очекуваме најдоброто продолжение на серијалот.

[youtube]NtPIon_SKJo[/youtube]

[youtube]MQFxE4AESn4[/youtube]
Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top