Facebook Dating ќе биде нова функционалност која засега нема да има посебна апликација. Друштвената мрежа полека се подготвува ја имплементира оваа функционалност и пред јавноста излегуваат првите детали. Дел од деталите кои доаѓаат од мобилната верзија на апликацијата се објавени на TechCrunch.
Тоа што нема да има посебна апликација најверојатно не треба да изненади никого. Друштвената мрежа подолго време се обидува да го интегрира цел интернет во себе, па oва баш и не е изненадување.
Друштвената мрежа ќе се обиде да ви пронајде партнер, а она што го забележа TechCrunch е дека ќе станува збор за сериозни врска. Функционалноста, како што и претходно објави Facebook нема да биде автоматски вклучена туку ќе ја вклучуваат заинтересираните корисници. Дополнително, Facebook тогаш објасни дека дури и кога ќе ја вклучите нема да може да ги видите своите пријатели, дури ако тие одбрале да ја активираат истата функционалност. Сега има дополнително објаснување дека сепак може да се активира овој податок и да се сподели со пријателите кои го користат Facebook Dating.
За разлика од други апликации кои овозможуваат пронаоѓање партнери (пример Тиндер), Facebook Dating ќе го ограничи бројот на „интереси“. Со ова корисникот нема да може да клика баш на сите контакти за кои му се допаѓа физичкиот изглед.
Според најавата, функционалноста ќе биде бесплатна и ќе доаѓа за сите корисници кои се постари од 18 години, или од старосната граница која го дозволува ова. Секако ќе биде интересно да видиме дали колку поригорозно друштвената мрежа ќе се обиде да ја дознае вистинската возраст на корисниците кои го користат Facebook Dating.