Студентите од академијата за 3Д и гејм дизајн М3DS се подготвуваат за својата прва изложба. Изложбата ќе се одржи во Младинскиот културен центар на 4 септември.
Засега студентите активно работат на изработка на модели, анимации, игри, околини, карактери. За потребите на изложбата работат и на најголемиот 3Д принт во Македонија досега.
Финалната верзија на принтот ќе биде висока 100 cm. Моделот е изработен од Петар Котевски, а за изработка помогна и Андреј Смилчевски.

За подготовките за изложбата разговаравме со Стефан Митров, основач на M3DS.
Како е да се работи со 3Д принтерот?
Огромно задоволство бидејќи можеме креациите на нашите студенти да ги оживееме и да ги претвориме во реалност, но ова ни е само мала мотивација и инспирација за нашите сегашни и идни генерации.

Колку модели сте испечатиле досега?
Тешко е да се изброи, не секој принт е успешен или пак е за краен принт. Сега се фокусираме на тестови за да ја усовршиме оваа бранша и да го предадеме тоа знаење на нашите студенти.
Имате ли некаков план што ќе правите со моделите?
Моментално се припремаме за нашата изложба која ќе се одржи во МКЦ 4 септември во 19:00 на која ќе бидат изложени моделите од студентите на втората М3ДС генерација.








