1 коментар 1 мин. читање 25 мај, 2012

Facebook Camera е мобилна апликација за полесно споделување на фотографии

Откако го купи Instagram, Facebook брзо работеше за да ја претстави нова мобилна апликација наречена Camera за побрзо и полесно споделување на фотографии.

Очекувано, апликацијата е налик на Instagram, но се работи за два различни продукти. Фотографиите се истакнати на целиот екран, со едноставно поминување со прстите ги менувате фотографии и кликнувате на нив за да ги зголемите тие од галеријата. Facebook Camera е првично достапна за iOS. Нема најава кога ќе биде достапна за Android, но може да се очекува за некоја недела.

Тоа што е важно за апликацијата која ги прикажува сите фотографии кои сте ги сликале со телефонот, е што овозможува да се споделат брзо и лесно на друштвената мрежа (и со тоа преку апликацијата). Има опција за додавање на опис, коментари, локација и можност за тагнување на пријателите на сликата.

[youtube]8fJjt068s6s[/youtube]

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Коста
Коста
14 years ago

Апликацијата сѐ уште не е достапна во македонскиот App Store. :(

Мени
Заедница
Изглед
To top