Defiance ќе биде серија и MMO игрa преку која играчите ќе влијаат на настаните

Во 2004 година канадската ТВ серијата ReGenesis се појави како пионер на комбинација на забавната индустрија на повеќе платформи. Серијата се емитуваше паралелно со игра која гледачите можеа да ја играат преку својот прелистувач. Играта користи комбинација на електронска пошта, блогови, пораки на веб страната и настани од серијата околу кои се одвиваа и настаните во играта.

Речиси осум години подоцна каналот SyFy и дизајнерите на видео игри TRION (Rift, End of Nations) го следат примерот со нов сличен проект. По четири години во изработка, се е подготвено за Defiance (Пркос) што ќе биде комбинација на серија и ММО видео игра кои ќе бидат взаемно поврзани. Дејството е 35 години во иднината и започнува со доаѓање на неколку вонземски бродови кои ќе се урнат на Земјата. Како што е за очекување вонземјаните не се пријатели и веднаш ќе почнат со напад врз луѓето и тераформирање на планетата. Серијата според продуцентите ќе биде „вселенски вестерн“ (Firefly, Cowboys and Aliens), а играта жанровски е најавена како шутер и ќе биде достапна на PC, PS3 и Xbox 360.

[youtube]Ed7j3_xHxBw[/youtube]

Тоа што навистина би требало да биде револуционерно ќе биде начинот на кој ќе се испреплетуваат настаните од серијата и играта. За сега најавено е дека во зависнот од успехот или неуспехот на играчите ќе зависат и ќе се менуваат и настаните во серијата. На почетокот како вакви се најавени настани од големите битки. Но, SyFy и TRION најавуваат и поинакви сцени врз кои ќе може да се влијае. Како пример сценаристите посочија настан од типот „вонземјаните ќе се обидат да го заразат човештвото со непознат вирус“, а играчот кој прв ќе го пронајде лекот ќе биде споменат и можеби неговиот карактер ќе се појави во епизодите.

Ќе биде интересно да видиме како ќе се снаоѓаат со брзите промени предизвикани од играчите на играта, иако не е исклучено да бидат снимени повеќе исходи па да ги измонтираат потоа. Од друга страна неможам ни да замислам како би изгледало 100-200 илјади играчи да играат на еден сервер или ако постојат повеќе сервери како ќе ги искомбинираат настаните во серијата.

Серијата е најавена за пролет 2013 година, а како и за останатите гејминг новости, нема да биде изненадување ако добиеме точна дата и повеќе вести на годинешниов Е3.

[youtube]BHU6DwnHN0U[/youtube]

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk