Дел од најголемите ИТ компании се здружија и создадоа нова непрофитна организација. Целта на новиот ентитет е да обезбеди статус дека вештачката интелигенција ќе се користи единствено во добри цели.
Facebook, Amazon, Google, IBM и Microsoft го создадоа Partnership on AI кое работи на истражување и промоција на најдобрите пракси во полето на вештачката интелигенција. Да работи на откривање на нови можности и да одговори на предизвиците кои ќе дојдат со вештачката интелигенција. Tреба да помогне и со подобро разбирање на јавноста за вештачката интелигенција и влијанието кое ќе ги има во животите на луѓето. Да истражува за етичкото користење на вештачката интелигенција; фер можности за сите; транспарентоност; обезбедување на приватност; доверливост и интероперабилност, на системите.
Partnership on AI треба да помогне и јавноста подобрo да ја разбере вештачката интелигенција. Да ѝ објасни на јавноста како технологијата ќе помогне во секојдневието. Здравството, образованиети, производните процеси, автомоатизацијата на домот, и куп други области имаат огромен потенцијал за развој со вештачката интелигенција.
Компанијата ќе отвори и канали за комуникација помеѓу компаниите. Основачите придонесуваат финансиски и поважно со истражувачки ресурси. Во раководните тела ќе има ист број на членови од компаниите и надвор од нив што ќе овозможи еднаква застапеност.
Партнерството останува отворено и за нови членови. Најверојатно најзабележително е отсуството на Apple. Можна причина за ова е што компанијата заостанува во развојот на вештачката интелигeнција. Сепак вратата е отворена за сите, па доколку Apple одлучи да се приклучи во иднина, тоа ќе може и да го направи.