0 коментари 7 мин. читање 25 јануари, 2023

„Explain like I’m five“ нова вештачка интелигенција која дава одговори…

Explain like I’m five“ (Објасни ми како да имам 5 години) е термин кој се користи кога нешто треба да се објасни супер едноставно. Токму ова е намената на Eli5 (името е креирано од првите букви на Explain like I’m five), да објаснува комплексни теми на наједноставен начин.

ELI5 е вештачка интелигенција изградена врз OpenAI од тим на претприемачи и како што велат самите, AI-фанатици. Засега технологијата е во бета фаза, а нејзиното користење е бесплатно.

„Наша мисија е да ги направиме сложените концепти лесни за разбирање преку обезбедување на бесплатна и едноставна алатка за употреба. Сакаме да им дадеме моќ на луѓето брзо и лесно да разберат сложени теми, бидејќи кој има време за вистинско учење?

Нашата цел е да ги направиме комплицираните теми достапни за секого, без разлика на нивното образование или ниво на стручност. Сакаме да го премостиме јазот меѓу оние кои разбираат и оние кои не разбираат, бидејќи не дај боже некој навистина да се потруди да научи нешто.“, пишува на блогот на ELI5.

Технологијата овозможува корисникот да постави прашање и за истото да добие одговор. Креаторите имаат оставено можност за избор на комплексноста на одговорот кој ќе го добие. Има четири нивоа на комплексност на одговорите „прилично глупав“, „глупав“, „паметен“ и „прилично паметен“. Со изборот на „прилично глупав“ се одбиваат наједноставни одговори, а со избор на „паметен“ или „прилично паметен“ одговорите се покомплексни. Корисникот може да одбере и дали сака одговорот да биде саркастичен или не. Саркастичните одговори се може да бидат и подобри, иако прашање е и дали се воопшто потребни.

ELI5 е сличен и може да се спореди со chatGTP, иако доаѓа со значителни ограничувања. Корисникот може да добие одговор на само едно прашање и нема простор за некаква „комуникација“. Дополнително корисниците можат со chatGPT да креираат сложени барања кои потоа креираат сосем различни одговори, на пример може да се побара од компјутерот да генерира текст во нечиј стил или да направи комплексни споредби. Ова го нема со ELI5, но е некоја едноставна замена за пребарувач.

Како и останатите модели на вештачка интелигенција постои можност за грешка и ELI5 не пребарува за одговори по интернет, туку користи податоци на кои е трениран. Ова значи дека дел од најновите и актуелни податоци не се веднаш достапни. Секако како и openGPT и ELI5 може да генерира одговори со грешки кои делуваат вистинито.

Како се користи ELI5

Користењето е супер едноставно. Корисникот оди на explainlikeimfive.io во полето го внесува своето прашање. По ова треба да ја одбере „тежината“ и јазикот. Засега се достапни десетици јазици, но македонски не е еден од нив. На крај ако сака може да одбере и „сарказам“ и го добива одговорот.

Еве како отприлика изгледаат одговорите на прашањата. Во случајов на прашањето „Што е компјутер?“. Креаторите на алатката советуваат за најдобар одговор да се искористат сите 4 функционалности: „прилично глупав“, „глупав“, „паметен“ и „прилично паметен“.

Прилично глупав

Компјутерот е електронски уред кој може да направи неверојатни работи. Може да запомни многу информации, да прави пресметки многу брзо и да игра игри. Може да се користи и за пребарување информации на интернет, пишување приказни и документи, па дури и за разговор со луѓе од целиот свет. Пример за компјутер е вашиот лаптоп или таблет. Има екран, тастатура и глушец што ви овозможуваат да комуницирате со него. Внатре има процесор, меморија, диск и други компоненти што прават да работи. Компјутерите можат да прават работи што луѓето не можат да ги прават. На пример, може да складираат милијарди информации. Исто така, може да прави пресметки многу побрзо отколку што некој човек некогаш би можел да направи. Забавен факт: најбрзиот суперкомпјутер во светот (од 2020 година) се нарекува Sumit и се наоѓа во Националната лабораторија Oak Ridge во Тенеси. Може да прави пресметки 125 пати побрзо од просечниот лаптоп!

Sarcasam (Прилично глупав)

Компјутерот е машина која може да прави многу работи, на пример броење и решавање проблеми. Тоа е како да имате калкулатор или робот кој може да заврши многу работа за вас во дел од секундата. Може дури и да игра игри и да ви помогне да научите нови работи. Компјутерите се како мозокот на 21 век! Тие ни го олеснуваат животот на многу начини. Интересен податок: Дали знаевте дека првиот компјутер бил наречен Аналитички мотор и бил измислен во 19 век од Чарлс Бебиџ?

Прилично паметен

Компјутерот е машина која обработува податоци и решава проблеми следејќи збир на инструкции дадени од корисникот. Во суштина тоа е машина која може брзо и прецизно да обработува големи количини на податоци. Може да складира, организира и враќа податоци, како и да решава сложени равенки за неколку секунди. Компјутерите може да се користат за различни задачи, од обработка на текст до играње видео игри до управување со големи бази на податоци. Аналогија што ќе ви помогне да разберете што е компјутер би била дека е како човечки мозок. Мозокот е неверојатно сложен и моќен орган со способност да обработи огромни количини на информации и да дојде до решенија. Слично на тоа, компјутерите се способни да обработуваат големи количини на податоци и да дојдат до решенија. Според Бирото за статистика на трудот, бројот на работни места во областа на компјутерската и информатичката технологија се очекува да порасне за 13 проценти помеѓу 2018 и 2028 година. Овој раст се должи на зголемената побарувачка за вештини и услуги поврзани со компјутер, како што е кодирањето, развој на софтвер, сајбер безбедност и обработка на податоци. Интересен податок: Првиот компјутер кој некогаш бил измислен бил наречен Аналитички мотор и бил измислен од Чарлс Бебиџ во 1837 година. Сепак, тој всушност никогаш не бил изграден.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top