1 коментар 2 мин. читање 17 јули, 2018

Европската Унија со предупредување за Airbnb

На мета на Европската Унија овој пат е Airbnb. Претставници на Унијата и дадоа до знаење на компанијата дека скриените доплати не доаѓаат в предвид.

Забелешката е дека цените кои се прикажани на платформата често имаат дополнителни и неприкажани доплати кои потоа ја покачуваат цената на становите.

Унијата остави време до крајот на август за компанијата да покаже дека има намера да ја промени својата пракса. Ако нема промена веројатно ќе следат казни за компанијата.

Дел од скриените трошоци се пример, чистење на станот кој посетителот ќе треба да го доплати, пишува Guardian.

Дополнително, едно од барањата е да се регулираат судските спорови во државите каде и ќе настанат. Засега Airbnb ги решава, поточно не ги решава сите спорови во САД.

„Сѐ повеќе корисници го организираат својот одмор онлајн и овој сектор носи многу можности за туристи.

Но, популарноста не може да биде изговор за непочитување на Европскиот закон за заштита на потрошувачите. Потрошувачите мора лесно да разберат зошто и колку треба да платат…“, вели Вера Јурова, комесар за правда и заштита на потрошувачите.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top