0 коментари 1 мин. читање

Skype 8.0 достапен на десктоп

Microsoft го лансираше Skype 8.0. Новата надградена верзија доаѓа со HD видео. Тоа е првата надградба, а двете најверојатно и поважни надградби, криптирањето и снимањето разговори доаѓаат подоцна.

Засега Skype 7.0 и Skype 8.0 ќе функционираат паралелно, но од 1 септември единствена функционална верзија ќе биде 8.0. Иако има време, Microsoft ги советува сите корисници да побрзаат со надградбата.

Генeрално има 3 поголеми надградби кои доаѓаат со оваа верзија. Тука се HD видео разговорите за 1 до 24 луѓе. Можност за креирање на нотификации за било кој корисник преку @ИмеНаКорисникот и можност за споделување на поголемии фајлови, овој пат границата е 300MB. Конечно функционалноста за снимање разговори ќе помогне за полесно следење на комуникација помеѓу членови на тимовите.

Најголемите и најважните надградби на апликацијата ќе дојдат во иднина. Компаниајта најави дека ќе има криптирање на текст, видео и аудио пораките. Секако ќе бидат криптирани и сите фајлови кој корисникот ќе ги испрати преку апликацијата.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top