0 коментари 2 мин. читање 16 мај, 2016

Научниците размислуваат за создавање на вештачки човечки геном

Група научници се сретна на 10 мај во Harvard Medical School во Бостон за зад затворени врати да дискутираат за креирање на вештачки човечки геном. На средбата не беа присутни новинари, а присутните биле советувани да не ги користат социјалните мрежи, пренесува New York Times.

Проектот би имал огромен придонес за науката, но најверојатно сите нема да го прифатат добронамерно. Експериментот подразбира хемиско рекреирање на целиот геном. Без разлика што верските лидери без размислување ќе го прогласат проектот за ерес, проблемот е поголем. Креирањето ќе овозможи луѓе со квалитети кои ќе бидат подобни за различни улоги, а некој дури би можеле да бидат креирани и со избор на геномот за супер војници.

Експериментот е дочекан со спротивставување и од дел од колегите, кои сметаат дека етичките проблеми со кои доаѓа овој проект се преголеми за реализација. „Дали е во ред, некој да го секвенционира и потоа да го синтетизира геномот на Ајнштајн? Ако го направат ова, колку Ајнштајнови геноми ќе бидат направени и кој ќе ги прави?“, вели др. Дру Енди, био-инженер кој одби да присуствува на конференцијата.

Целата на проектот кој е наречен „HGP2: The Human Genome Synthesis Project“ е во следните 10 години да се синтетизира целиот геном. Од идејата до конференцијата проектот го промени името, па сега се вика „HGP-Write: Testing Large Synthetic Genomes in Cells“, но идејата останува иста. Засега технологијата е доволна за доверливо синтетизирање на 200 основни парови. Еден од проектите кои се активни во моментов работи на синтетизирање на геном од квасец, а човекот има дури 200 пати поголем геном.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top