„Некомпатибилноста на полначите на мобилни телефони не е само големо малтретирање на корисниците, туку е и еколошки проблем. Корисникот кој сака да си го наполни својот мобилен мора да си купи нов полнач и да го фрли стариот, иако тој е во добра состојба.“, се вели во соопштението на ЕК.
Универзалните полначи на батерии ќе бидат базирани на микро-USB технологија. Одлуката беше прифатена уште во 2009 година од производителите на мобилните уреди, по што следуваше договарање на соодветните спецификации на уредите.
Интересно, овие спецификации за универзален уред се однесуваат само на паметните телефони, бидејќи според Европската комисија, паметните телефони ќе бидат најкористените уреди во иднина во рок од две години.







