Албанија ќе оди во ЕУ со вештачка интелигенција и ChatGPT

Avatar img-thumbnail img-circle

во Вести

Албанија се надева дека со помош на вештачка интелигенција ќе го скрати периодот кој го поминува во чекалната на Европската Унија. Премиерот Еди Рама откри дека ја контактирал Мира Мурати од Open AI да му помогне со трансформацијата на над 4000 правни акти.

„Денес сакам да споделам со вас дека на 13 декември во Брисел, кога ќе заврши средбата со грчката дилема (Greek dilemma), ќе им го оставам како новогодишна честитка од Албанија на сите лидери на ЕУ резултатот од успешниот тест на албанскиот модел на вештачка интелигенција за вметнувањето во законската регулатива од 280 илјади страници законски мерки на ЕУ“, рече Рама.

Вештачката интелигенција треба да помогне да се усогласат албанските закони со законите на Европската Унија. Ова усогласување е клучно за влезот на Албанија во Унијата.

Еди Рама откри дека планираат и употреба на вештачката интелигенција во правниот систем, во процесот на јавни набавки и за справување со фискалната евазија.

Премиерот на Албанија лично бил во контакт со Мира Мурати за да побара помош за побрзо решавање на дел од проблемите за преговорите со Европската Унија. Благодарение на ChatGPT Албанија можеби ќе успее да избегне регрутирање на мала армија на адвокати и преведувачи. Наместо ова вештачката интелигенција, поевтино, но и побрзо ќе успее да надмине дел од проблемите.

„Никој немаше слушнато за девојката од Валона, Мира Мурати. Слушнавме дури откако ги изненади сите со креирање на вештачка интелигенција.

Знаете како е во животот секој има опсесија. Јас имам своја. Ја побарав Мира Мурати и таа ми закажа телефонски состанок.

Слушнав пријателски глас што го скрши ледот и се осмелив да побарам помош за побрзо да ја подготвиме Албанија за влез во ЕУ. Се смееше и можеби мислеше дека се шегувам.

Ја прашав дали е можно, наместо како што прават другите држави, регрутирање на армија на преведувачи и баталјон адвокати и трошат којзнае колку десетици милиони евра за да се подготват за ЕУ, да се обидеме да го направиме преку ChatGPT.“, откри Еди Рама.

Како резултат од договорот со OpenAI, на 13 декември во Брисел, Албанија ќе достави 280 илјади страници законски мерки усогласени со ЕУ.

Моделот кој го користат овозможува детален преглед на направените промени и преглед на сите места каде овие промени ќе се одразат. Дополнително системот овозможува и анализа на влијанието на сите мерки и направени промени веднаш. Нешто за што вообичаено се потребни повеќе експерти. Дали промените ќе бидат прифатени во Брисел ќе дознаеме наскоро.

Ова е втор пат во релативно кус период Албанија да го користи ChatGPT за да креира различни сервиси кои ја надополнуваат јавната администрација. Во август Албанија најави развој на систем e-Albania. Системот ќе користи виртуелен оператор со модул од ChatGPT. Модулот ќе овозможува одговори во реално време за потенцијални проблеми со системот. Завршувањето на надградбата треба да биде завршено за десетина месеци.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments

ит кариера

Singular

Team Lead

Data Masters

Data Engineer

Matrix IT Global Services Macedonia

Marketing Strategist

види ги сите огласи на kariera.it.mk