Spotie е апликација која учествуваше на стартап натпреварот на Web Fest.Mе во Црна Гора. Таа е дело на хрватски развивачи и се смета како потполно нова друштвена мрежа за различни случувања.
Тие најновата верзија ја лансираа токму за WebFest и се насочија кон организаторите на различни настани. Со помош на Spotie имате можност да организирате конференции од секаков тип и секакви настани, додека истата нуди и интерактивно искуство така што организаторите и корисниците може да го следат „live feed-от“, да споделуваат информации на друштвените мрежи, да добијат известување за некои промени.
Исто така, Spotie нуди и пронаоѓање на настани во вашата близина. Се што треба да направите е од менито да изберете Nearby и на мапа или во листа ќе можете да ги видите сите настани кои се организирани во ваша близина.
За да најавите присуство на некој настан, потребно е само да притиснете на копчето „I’m going“ и од тој момент ќе можете да започнете со комуникацијата со другите луѓе што се пријавени за тој настан.
Spotie е достапна за iOS и Android, но изгледа дека Android верзијата е застаната во развојот на 20 февруари 2012.
[youtube]nRcwR5_Q-D0[/youtube]
