Intel го претстави Core i7-8700K – најмоќниот процесор за гејминг

во feature, Хардвер

Image courtesy of Intel

Најголемиот производител на процесори, Intel презентираше нови процесори. Компанијата го презентираше и 6-јадрениот Intel Core i7-8700K за кој тврди дека е најдобриот гејминг процесор досега. Intel тврди дека новите процесори нудат 25% повеќе FPS и дури 45% подобри перформанси кај големите оптоварувања.

Најголемата промена во оваа генерација Coffee Lake процесори е зголемувањето на бројот на јадра. Така, во оваа серија Intel за прв пат претстави 4-јадрен i3-процесор и 6-јадрен i5-процесор.

Лоша вест е што доколку сакате да го промените процесорот за оваа генерација, ќе мора да ја промените и плочата. Сите процесори се за LGA 1151 слот. Ова има предности поради новите технологии кои се имплементирани, но сепак за надградба ќе биде потребна поголема инвестиција. Новиот Intel Z370 чип може да користи и 2.666 MHz DRAM; има поддршка за 4K HDR и има 40 PCI 3.0 канали.

  • Intel Core i7-8700K: 6 cores/12 threads на 3.7 GHz, буст до 4.7 GHz; цена 359 долари
  • Intel Core i7-8700: 6 cores/12 threads на 3.2 GHz, буст до 4.6 GHz; 303 долари
  • Intel Core i5-8600K: 6 cores/6 threads на 3.6 GHz, буст до 4.3 GHz; 257 долари
  • Intel Core i5-8400: 6 cores/6 threads на 2.8 GHz, буст до 4 GHz; 182 долари
  • Intel Core i3-8350K: 4 cores/4 threads на 4 GHz, нема буст; 168 долари
  • Intel Core i3-8100: 4 cores/4 threads на 3.6-GHz, нема буст; 117 долари

Лоша вест е дека сите процесори и без замените на плочи се поскапи. Разликата во цените е помеѓу 20 и 50 долари. Првите процесори од оваа генерација ќе бидат достапни на лаптопи, а излегуваат веќе на 5 октомври.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments