Европа ќе инвестира 1 милијарда евра за најбрзиот суперкомпјутер

Avatar img-thumbnail img-circle

во feature, ИТ.ЕУ

До 2023 година, Европа сака на нејзино тло да биде најбрзиот супер-компјутер. За ова Европската Унија ќе одвои 1 милијарда евра.

Суперкомпјутерот ќе пресметува 1 квинтилијардa калкулации во секунда, и со ова ќе биде 10 пати побрз од најбрзите суперкомпјутери денес, пишува Science-Business.

Половина од буџетот (486 милиони евра) ќе дојдат Horizon 2020, а остатокот од 13 држави членки.

За креирањето на овој, но и уште еден суперкомпјутер, следната година ќе биде креирана EuroHPC. Во организацијата освен Комисијата ќе има членови и од: Франција, Германија, Италија, Луксембург, Холандија, Португалија, Шпанија, Белгија, Словенија, Бугарија, Швајцарија, Грција и Хрватска. Освен суперкомпјутерот од 2023, организацијата ќе работи и на уште еден егза-компјутер.

Причината за најавата за изградба на нов суперкомпјутер во Европа, можеби е фактот дека ниту еден од 10 на листата најбрзи суперкомпјутери не е од Европа. Најбрзиот компјутер во Европа е во Швајцарија и е 12-ти најбрз суперкомпјутер во светот. Причината за ова е супербрзиот развој на Кина, која оваа година ги надмина САД како држава со најмногу суперкомпјутери на листата Топ 100.

„Мораме да ја предизвикаме доминацијата. Европската Унија нема ниту еден компјутер на листата Топ-10 суперкомпјутери“, вели Марија Габриел, дигитален комесар од Бугарија.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk