Еден од најпрепознатливите инвеститори на берзата, г. Ворен Бафет, предвиде лош крај за крипто валутите. Милијардерот е еден од најпознатите инвеститори, а има репутација на речиси непогрешлив предвидувач.
Г. Бафет изјави дека не инвестирал, ниту некогаш ќе инвестира во крипто-валута. Тој не е импресиониран ниту од бикотин, ниту од некоја друга дигитална монета, пренесе Guardian.
„Зборувајќи општо за крипто валутите, можам да кажам дека речиси сум сигурен дека крипто-валутите ќе имаат лош крај“, вели г. Бафет.
Ова го потврди неговиот партнер во инвестициската команија Berkshire Hathaway. Тој и самиот неколку пати досега ги нарекувал крипто валутите инвестициски балон.
„Немаме воопшто, не ни недостасуваат воопшто, немаме никаков став во врска со нив“, вели г. Бафет за „bitcoin futures“.
Крипто валутите имаат променлива вредност последниот месец. Пример е биткоин, кој од максималните 19.500 долари за помалку од недела падна под 15 000 долари. Ethereum само последната недела порасна 60% и достигна раст од 13 000% во една година, пренесе CNBC.