Сервисот за фаќање белешки Evernote ја надогради својата Android апликација додавајќи и опција за препознавање на говор и негово транскриптирање во текст.
Evernote додава и опција аудиото да биде снимено и закачено покрај текстот за да биде зачувано, како што е и функцијата на оваа апликација.
Оваа опција бара Android 4.0 или Ice Cream Sandwich верзија за да функционира. Препознавањето на говор е тоа што го користи Google Android, така да може да се каже дека е на завидно ниво, колку што дозволуваат да бидат ваквите технологии. А тоа значи, кога ќе му зборувате треба да бидете јасни, гласни и со добар акцент. И дмр_а, треба да зборувате на англиски.
