0 коментари 2 мин. читање 3 април, 2014

Победа за слободата на говор! Турскиот суд ја тргна забраната на Twitter, но YouTube oстанува блокиран

Забраната на Twitter е против слободата на изразувањето, порача Уставниот суд на Турција кој им нареди на провајдерите да престанат со дво-неделното блокирање на друштвената мрежа. Турција го забрани Twitter на 21 март по наредба на премиерот Реџеп Таип Ердоган кој ги нарече друштвените мрежи како „место за лаги“, откако на нив се најдоа контроверзни снимки што ја откриваат корупцијата помеѓу високи функционери. Снимките се појавија во време кога се водат локални избори во земјата, и се оценети како најголемиот скандал во 11-годишното владеење на г. Ердоган.

Но, блокирањето на YouTube продолжува се додека не заврши судскиот спорот, пренесува Reuters. Се очекува и таа забрана врз видео сервисот, која беше воведена пред една недела откако се појавија нови снимки, да биде тргната на иста основа – слобода на изразување. И двете забрани беа искритикувани од меѓународната заедница и турските граѓани кои успеаја да најдат разни начини, дали преку прокси или DNS сервиси, и покрај забраната да го искажат својот револ на друштвените мрежи.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top