1 коментар 2 мин. читање 3 февруари, 2016

Инженер oд Google си направи огледало за дома кое му прикажува временска прогноза и вести

Макс Браун од Google е најверојатно совршениот пример на инженер кој би работел во Google. Освен генијалност, г. Браун поседува опсесија да биде иновативен, па откако виде дека не може да купи огледало какво што си замисли, тој се одлучи да си направи свои. Но, бидејќи е компјутерски инженер, оваа огледало ќе биде специјално и ќе биде како нешто што би очекувале од иднината.

Огледалото навистина наликува на нешто што може единствено да го видиме во фантастичните филмови. На него изутрина доколку ги мие забите г. Браун добива информации за временската прогноза, најинтересните вести, а за иднина планира дека ќе додаде и известување за сообраќајниот метеж и можност за гласовно активирање. Со оглед на тоа дека станува збор за инженер кој доаѓа од Google веќе претпоставувате дека оперативниот систем кој го овозможува ова е Android. Огледалото е креирано од: двострано огледало, дисплеј, контролер, а во моментов тестира Chromecast, Nexus Player и Fire TV Stick. Освен додавање на нови можности на паметното огледало, за иднина г. Браун планира да скрие дел од жици и електрониката.

Целата приказна може да ја прочитате на блог постот на Макс Браун на Medium.

1-k31CzsZOtqA89PBVNN5zWA

1-Mr98gx75cau7dt06hrW3Aw

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top