Видео од дрон открива како ќе изгледа вселенскиот брод на Apple

0 коментари 1 мин. читање

Аpple забрзано работи на својот вселенски брод, иако според новото видео ќе треба уште време. Снимката направена од фотографот Данкан Синфилд прикажува дека работата на новиот кампус на Apple е во тек, но и дека ќе треба уште многу време да биде реализирана како што беше прикажано на промотивното видео. Видеото не е прв поглед на градилиштето, но за прв пат имаме можност да видиме како изгледа речиси целата градба во форма на диск. На снимката се гледаат и деловите кои ќе останат во внатрешноста, како огромниот подземен аудиториум, но и соларните панели на западната страна на објектот. Новиот објект во еден дел е замислен и од основачот и легенда на Apple Стив Џобс.

 

Футуристичкото седиште на Apple доколку се оди според планот ќе биде готово на почетокот на 2017 година.

 

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед