Еве сѐ што најави Google во првиот ден на Google I/O

Google I/O конференцијата која започна денес беше отворена со неколку интересни бројки за производите на Google. Имено, во текот на минатата година биле активирани повеќе од 400 милиони Android уреди, додека во Google Play се симнати 48 милијарда апликации, од кои 2,5 милијарди се од последниот месец.

Првата најава за нова алатка беше Google Play Developer Console која ќе им помогне на развивачите на игри да ги направат своите производи подруштвени. Отсега, развивачите ќе може да создаваат глобална листа на најдобри играчи и достигнувања. Со тоа на корисниците ќе им се овозможи да се натпреваруваат помеѓу себе. Новото API ќе овозможи да поканувате пријатели од вашите Google+ кругови. Уште една новост е зачувувањето на облакот, односно, корисникот ќе може без никаков проблем да се префрли од својот телефон на таблет, без притоа да го изгуби својот резултат во играта. Овие можности веќе им се достапни на iOS корисниците преку Game Center-от.

Google Music All Access е уште една новост за Android која ќе се обиде да им се спротистави на Spotify, Rdio и Pandora. Сервисот гради листа на песни според ваш вкус и креира едно уникатно радио, а ви овозможува и самите да го променувате редоследот на песните. Овој сервис во моментот е достапен само во САД по цена од 9,99 долари/месечно или 30 дена бесплатно.

Google Cloud Messaging (GCM) сега е дел од Google Play сервисот и нуди три можности: постојана врска, апстрим разменување на пораки и синхронизирани известувања. Сите овие можности ќе бидат набрзо достапни, а заинтересираните развивачи, овде ќе може да го следат предавањето за GCM. Google Maps е една од поважните функции на Android, па денес на Google I/O беа претставени неколку новости. Отсега, за лоцирање ќе се користи само 1 процент од батеријата, Geofencing што ќе им овозможи на развивачите да изберат 100 локации за превземање на некаква акција и третата новост е препознавањето на активности, односно, апликацијата лесно ќе може да открие дали одите, возите велосипед или автомобил.

Новост која сигурно на сите развивачи ќе им се допадне е Android Studio, нова алатка за развивање на апликации. Според Google, Android Studio ќе ги направи програмерите побрзи и попродуктивни. Исто така, во Android Studio ќе биде интегриран и GCM, па така развивачите од едно место ќе може да ги развиваат и обноват своите апликации. Збогум Eclipse! На развивачите на апликации за Android сигурно ќе им се допадне и можноста за објавување на бета верзии за тестирање за одреден дел од публиката. Така, отсега ќе може да изберат мала тест група која ќе ги добие новите функции и притоа да добие некаков фидбек. Google Developer Console ќе вклучува и сервис за локализирање на апликациите, систем за следење на реферали и совети за оптимизирање на апликацијата.

Покрај новостите за развивачите на апликации, во фокусот беше и друштвената мрежа Google+ за која беа презентирани дури 41 новости во првиот ден на Google I/O. Беше претставен новиот повеќе-колонски дизајн сличен на Pinterest, Hangouts и куп промени за фотографиите. Во новиот Google+, ќе можете да пребарувате слични фотографии, а новост е и можноста за уредување на прикачените фотографии. Исто така, доколку се примети дека имате прикачено повеќе слики одеднаш и на некој начин се движите низ нив, Google+ ќе ви изгенерира анимација.

[youtube]vF5RovO5R8w[/youtube]

Настрана од сите сервиси на Google кои овозможуваат комуникација во реално време, Google Talk, Google Voices и Google+ Hangouts, денес Google ја претстави повеќе платформската апликација за комуницирање – Google Hangouts. Истата ќе биде објавена денес за Android, iOS и веб. Како крај на воведот, Брајан МекКлендон ги претстави новите Google Maps до кои можете да пристапите преку http://earth.google.com/kmlpreview/. Новата верзија на мапите поддржува следење на сообраќајот и пренасочување, а за поефикасно работење ќе ги користат и корисничките пребарувања и акции.

На конференцијата, исто така, беше најавен и Samsung S4 со Nexus корисничко искуство, и ќе биде објавен во јуни по цена од 649 долари. Среќните гости на конференцијата добија по еден Google Chromebook Pixel ноутбук.

[youtube]9pmPa_KxsAM[/youtube]

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
2 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
@LordRaydenMK
11 years ago

"во Google Play се објавени 48 милијарда апликации, од кои 2,5 милијарди се од последниот месец."

да не мислеш даунлоади на апликации?

Boris Kuzmanov
11 years ago
Reply to  @LordRaydenMK

„Мала“ грешка во кораци, фала. Средено :-)

ит кариера

Matrix Global

Fullstack Developer

Digilink Konsalting

Java Script Developer

MDH Insurance Services DOOEL

Mid/Senior .NET Software Developer

Matrix IT Global Services Macedonia

Product Designer

види ги сите огласи на kariera.it.mk