0 коментари 2 мин. читање 16 мај, 2013

Нема доволно реклами! Google сака Microsoft да игра според правилата со YouTube за Windows Phone 8

Google не е импресиониран од работата на Мicrosoft на неодамна објавената YouTube апликацијата за Windows Phone 8, пред се поради тоа што апликацијата не прикажуваше доволно реклами, пишува The Verge кој го видел писмото испратено од Google до Microsoft за забрана на апликацијата.

Мicrosoft претходно се обрати кон Европската Унија обвинувајќи го Google дека одбива да дозволи пристап на Windows Phone до мета податоците за YouTube, по што самите ја креираа YouTube апликација за да додадат нови функционалности во својата мобилна платформа која заостанува зад конкурентите. Но, таа апликација доаѓа со опции кои ги блокираат рекламите. Ова според Google, кој прави пари од рекламите, е недозволиво и против правилата на AdSense. Во писмото до Microsoft се вели дека „вашата апликација блокира приходи за креаторите на содржина, и му наштетува на екосистемот на YouTube”.

Microsoft беше брз да одговори на критиката од Google и најави дека ќе ја надогради апликацијата со реклами, но само ако „Google ни дозволи пристап до неопходните API-ја“.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top