Лична карта: Gord

Gord е игра која жонглира неколку жанрови и се поставува како хибрид од стратегија, симулација и RPG. Но, дали во процесот да задоволи многу, Gord успева малку?

Што е Gord?

Gord е стратегија која вметнува елементи на градење, управување со единици и водење сметка за нивните потреби. Паралелно со ова, потребно е да ги истражувате забранетите земји и да се спротивставите со мрачните сили кои го опружуваат вашето племе. Бројните квестови и одлуките кои ги донесувате ја обликуваат добро состојбата на вашата заедница на најразлични начини.

Комбинирајќи механики на градење село, истражување и survival хорор, Gord фрла исклучително многу врз играчот и бара неподелено внимание и микроуправување, особено доколку сакате да искочите на крај со ограничените ресурси и константните битки за одржување на разумноста кај селаните. Имено, повреда или убиство на едно лице, влијае на разумот кај останатите лица. Доколку ова излезе од контрола, вашите единици ќе се мачат со ментални предизвици и нема да бидат ефикасни за време на битките. Со ова се наметнува посебен слој на комплексност каде треба да внимавате кого, каде и кога испраќате и со кои непријатели го соочувате. Единиците се одликуваат со силни и слаби точки кои треба да ги земате во предвид доколку не сакате само еден ратник да започне верижна реакција која ќе го поремети разумот кај останатите.

Gord се одликува со впечатлива графика која детално го прикажува мрачниот свет до најситни детали, а бројните чудовишта се креативно осмислени и оставаат впечаток како да се директно извлечени од универзумот на The Witcher! Во градење на чувство на имерзивност, помагаат и бројните звучни ефекти и богатата музичка подлога.

Кои се Covenant.dev?

Covenant можеби е ново полско развојно студио, но тоа не значи дека и нема исклучително искусни луѓе. Студиото е основано од Стен Џаст, човекот кој претходно има работено првин како продуцент во CD PROJEKT RED, а потоа и во 11 bit studios! Студиото е основано во Варшава, во 2020 година. Моментно, студиото работи и на уште една мултиплатформска игра. Од неодамна, студиото се поднови со глобално признаениот сертификат Great Place to Work!

Што мисли светот за Gord?

Со 59 поени, Metacritic ја поставува Gord на стаклени нозе и ја прикажува како ризична игра која може да привлече поспецифична група од гејмери.

GameStar дава на Gord највеќе поени (78) и ја истакнува како игра со одлична, но мрачна кампања заснована на словенски лор. Jeuxvideo.com се надоврзува на ова, ја опсипува со 75 поени и признава дека иако Gord има мани, сепак е игра која сјаје во поглед на атмосферата и survival елементите.

Од друга страна, GamesRadar+ ѝ дава 60 поени и ја прикажува Gord како игра со силен стар и интригантен свет, но свет кој не успева да генерира доволно интерес со гејмплеј механики кои постојано се повторуваат. Како најразочарани се PC Gamer (48) и IGN (40) и овие две куќи никако не ја препорачуваат играта. IGN оди то тој чекор да ја етикетира Gord како мизерно чедо кое страда од главоболки на монотоно микроуправување, сиромашен интерфејст и незадоволителен систем за битки.

Што мислиме ние?

Иако би можеле да помислите дека Gord страда од криза на идентитет и никако не може да се одлучи што сака да биде, нашето дружење со играта ни остави впечаток на солидна стратегија со уникатни механики на управување. Но, Gord не е игра за нетрпеливи гејмери и тука лежи најголемиот проблем. Со Gord, развојното студио Covenant.dev пробува нешто ново. Од една страна, бара микроуправување и индивидуална посвета на единиците. Од друга страна, бара внимателна посвета на системот со разумот.

Доколку не сте спремни да и посветите време бргу би го изгубиле трпението и би преминале на мејнстрим наслов. Но, доколку сте отворени за компромиси, Gord отвора слоеви и слоеви комплексни системи кои се солидно вклопени во преубавата и детална графика, впечатливиот дизајн на чудовиштата и динамичната музичка подлога.

Што мислите вие?

Кажете ни во коментарите, на друштвените мрежи или во гејминг секцијата на ИТ форум!

Повеќе детали за играта

  • Произведува: Covenant.dev
  • Издава: Team17
  • Жанр: Стратегија, survival, RPG
  • Платформа: PC и конзоли
  • Излезе на: 8 август 2023

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments

ит кариера

Digilink Konsalting

Java Script Developer

Singular

Team Lead

Matrix IT Global Services Macedonia

Product Designer

види ги сите огласи на kariera.it.mk