0 коментари 2 мин. читање 4 април, 2018

Естонија ќе прибира ДНА податоци од своите граѓани

Дигиталниот лидер во Европа, малата Естонија ќе воведе уште еден новитет. Државата ќе започне да прибира ДНК податоци од своите граѓани, јави Gizmodo.

Целта на овие податоци е на граѓаните да им се дадат персонализирани совети за здравјето и за поздрав начин на живот. Со оглед на тоа дека ќе имаат ДНК од граѓаните, ќе можат да даваат релевантни совети. А, и со оглед на тоа дека ова не е евтино, одговорноста ја презема државата.

Целта е секако граѓаните да бидат поздрави. Вакви персонализирани програми треба да помогнат за намалување на здравствените проблеми. Врз база на генетиката лекарите ќе можат да дадат совети за евентуални проблеми во иднина. Секако за здравјето важи подобро да се спречи, отколку да се лечи, па овој потег на Естонија е за поздравување.

Планот е за почеток да се прибере ДНК од 100.000 граѓани. Естонија има 1.3 милиони жители. Од овие податоци ќе биде креирана база на податоци, па лекарите ќе м0жат веднаш да побараат анализа.

Естонија веќе е лидер во неколку полиња во Европа. Државата којa до 1988 година беше дел од Советскиот сојуз, денес има е-државјанство, работи на сопствена криптовалута, и е несомнен лидер во дигиталното општество. Најверојатно затоа никаков нов напреден проект кој доаѓа од Естонија не е изненадување.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
To top
{title}