Наскоро i9 доаѓа на лаптоп, но Apple најави сопствени процесори во компјутерите

Intel најави дека најмоќните Intel i9 процесори наскоро ќе бидат достапни и на лаптоп. Сепак ова можеби само го забави падот на акциите на компанијата откако Apple најави дека до 2020 годинa ќе користи сопствен процесор во компјутерите.

Најпопуларниот производител на десктоп процесори најави дека наскоро ќе бидат достапни најдоборите гејминг лаптопи направени било кога. Intel Core i9-8950HK е вистинско 6-јадрено чудовиште со работна фреквенција на 4.8 GHz. Споредбата со претходните модели вели дека овва генерација е дури 29% побрза од претходниот најбрз мобилен процесор на компанијата. Перформансите се дури и полуди кога гејмингот е во прашање, па новиот процесор има 41% подобрување при гејминг. Најголема е разликата кај 4К видео едитирање со 59% подобри перформанси, јави Verge.

Компанијата претстави и мобилни верзии за останатите процесори од Coffee Lake серијата. Клиентите може да купат i5 и i7 процесори кои доаѓаат со 14nm++ архитектура. Според најавата, процесорите се намeнети за ексклузивни модели кои ќе доаѓаат со дискретна графичка картичка. Компанијата веќе претстави неколку комбо процесори во соработка со AMD кои треба да овозможат и тенок лаптоп и солидни перформанси.

Оваа вест вообичаено ќе беше главна вест за процесор и хардвер, но денот не беше таков. Гласина од Apple вели дека компанјата планира да користи сопствени процесори во компјутерите. Планот би требало да се оствари до 2020 година. Целта е сите уреди од Apple, телефоните, таблет компјутерите и комјутерите да функционираат подобро заедно, вели изворот на Bloomberg. Дали Apple може навистина да им конкурира на перформансите на Intel и AMD ќе треба да почекаме и да видиме. Секако компанијта нема да продава процесори, туку единствено ќе ги користи во своите уреди. Дополнително, Apple можеби ќе се премисли и ќе се откаже од овој план.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk