„Ало кафана“ e нова македонска апликација која ќе ви помогне да пронајдете место за ручек

во ИТ.МК

Дали некогаш сте посакале да го смените местото на кое јадете, а тоа сепак да биде во близина? Или можеби сакате да пробате храна на локација која не ви е позната? Ако одговорот е „Да!“, тогаш Ало кафана е апликација за вас. Станува збор за своевиден „именик“ во кој се сместени дел од кафеаните во Македонија.

Ало кафана е македонски сервис креиран од Дарко Јовановски и Стефан Михајловски. Апликацијата е достапна и за Android и за iOS. Голема предност е што апликацијата може да работи и офлајн, па не мора да се грижите да не го надминете лимитот барајќи каде да седнете на ручек. Покрај Скопје внесени се и локации од останатите градови во Македонија што секако е одлично.

Користењето на апликацијата е едноставно. Или пронаоѓате кафеана од листата, или ја наоѓате во ваша близина. Ако сте нашле нeкоја која ви се допаѓа, ја додавате на листата на омилени и тоа е отприлика сè. Дополнително, секоја од кафеаните на листите е внесена со телефонски број и адреса, па може и лесно да се пронајдат.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
Pero
Pero
4 years ago

Зашо има потреба апликацијата од пермисијата “Prevent phone from sleeping”
или device id?