Escape from Ever After: Paper Mario на поразличен начин

во гејминг

Escape from Ever After е забавна и, барем во поглед на графичката реализација, ретко видена авантуристичка RPG игра. Потсетувајќи на Paper Mario, играта се истакнува како остра сатира насочена кон корпоративниот свет, спојувајчи ја, притоа, магијата на бајките со бирократијата на капитализмот. Заборавете на стандардните, веќе-видени херојски походи за спасување на кралството од древно зло. Овде, вие се впуштате во борба против непријател кој е многу пореален и помодерен и се залагате против: мегакорпорација која ги експлоатира книжевните светови за евтина работна сила и профит. 

Тurn-based механики со акциски команди

Во поглед на гејмплејот, Escape from Ever After се одликува со динамичен борбен систем заснован на потези. Успехот во битките не зависи само од статистиката на ликот и изборот на напад, туку и од прецизниот тајминг кој резултира со повисока нанесената штета или пак со ефикасно блокирање на непријателските удари. Херојот со кој ја започнувате играта, Флинт Баклер, има пристап до широк арсенал на потези кои можат да се комбинираат, како и асортиман на предмети и специјални значки што овозможуваат длабока персонализација на стилот на играње. Системот е доволно комплексен за да константно охрабрува експериментацијата и стратешкото размислување, правејќи ја секоја пресметка со бизарните корпоративни дронови и изопачените ликови од бајките уникатен предизвик.

Во Escape from Ever After имате да задача да правите метафорично и буквално искачување по корпоративната скала. Тоа, меѓутоа, никако не значи дека сте сами во оваа авантура, туку имате можост да градите и прилагодувате тим од сојузници. Секој лик поседува уникатни вештини кои можат да се надградуваат во текот на патувањето, барајќи од вас и да размислувате за тоа каков тим ќе водите и во кого ќе инвестирате. Надвор од борбите, ќе се посветувате и на интеракцијата со околината во канцеларискиот амбиент на некогашниот замок. Можете да се започнувате и водите канцелариски разговори, да им помагаат на вашите колеги од бајките преку споредни квестови, па дури и да ја декорирате вашата канцеларија. Не се работи за никаков комплексен систем, туку за забавни, едноставни елементи кои пријатно ги паузираат интензивните битки.

Иако фокусот е првенствено на механиките и сатирата, аудио-визуелната презентација игра клучна улога во Escape from Ever After. Светот е исполнет со живописни ликови и локации кои визуелно ги интерпретираат класичните бајки низ призмата на модерната корпоративна сивост. Целото искуство е музички поткрепено со џез саундтрак во стил на голем оркестар, кој не само што ја одржува енергијата за време на истражувањето и борбите, туку и совршено се вклопува во динамичниот и на моменти хаотичен тон на авантурата.

Escape from Ever After е дебитантски проект на мал тим од Монтреал, Sleepy Castle Studio. И покрај што ова е нивна прва игра, во неа ќе најдете многу повеќе од обична пародија на познати бајки – солидна RPG основа над која се издига паметна критика на општеството. Сево ова е испорачано преку шармантни визуелизации и прецизно изработен гејмплеј. Доколку барате наслов што ги почитува традициите на класичните игри, но со потезен систем кој е имплементиран во модерен, хумористичен и стратешки предизвик, тогаш Escape from Ever After делува како остварување кое вреди да го искусите.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments