0 коментари 2 мин. читање 28 јануари, 2015

Еnwake е бугарско-српски стартап кој работи на очила што ќе ве одморат

Enwake е бугарско-српски стартап кој на своите корисници сака да им помогне подобро да се одморат и да имаат повеќе енергија. Станува збор за очила кои се поврзуваат со паметен телефон, преку кои корисникот ги внесува своите навики и посакуваниот одмор. „Користете го било кога, било каде. За само неколку минути во денот можете да доживеете трансформација која ќе ве направи повесели, поздрави и енергизирани“, велат од EnWake.

Дури 84 отсто од корисниците кои го тестирале EnWake ги подобриле своите навики за спиење, велат од стартапот. Очилата помагаат со испрачање на светлосни известувања до внатрешните ретинални фотосензитивни ганглиски клетки (ipRGCs), кој испраќаат известување до мозокот дали е време за одмор или е време за станување. Вештачката светлина ја нарушува функцијата на овие рецептори, па токму ова EnWake се обидува да го поправи.

За сега сè уште нема податоци за цената и достапноста на уредот, што можеби покажува дека во моментов EnWake е прототип. Но, стартапот има инвестициски фондови зад себе, и куп медицински советници, а од неодамна влезе во бугарскито акселератор Eleven кои инвестираа 25.000 долари. Ова значи дека уредот има потенцијал и можеби ќе го користиме наскоро?

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top