5 коментари 1 мин. читање

Енкриптирајте ги вашите мејлови со Secure Gmail за Chrome

Денес е се потешко да си ја зачувате приватноста кога разменувате содржина онлајн. Сигурен сум дека не сакате вашата порака да биде прочитана од компаниите, владите или некоја трета апликација која е поврзана со вашата сметка, туку само од примачот. За таа цел, постои екстензија за Chrome која ќе ја заштити вашата порака од крадење.

SecureGmail е екстензија за Chrome која ги енкриптира и декриптира мејловите испратени преку Gmail. Сето тоа се извршува на вашата машина, а пораките не може да бидат прочитани од Google или другите апликации кои ги имате поврзано со вашата Google сметка. Лозинката која е потребна за примачот да ја прочита енкриптираната порака се генерира од испраќачот, а примачот што ја прима порака мора да ја знае истата.

Екстензијата можете да ја преземете од овде, а откако ќе ја инсталирате до копчето за праќање ќе ви се појави дополнителна иконка со катанче преку кое се испраќаат енкриптирани пораки. При испраќањето на енкриптираната порака се внесува лозинка со која ќе се декриптира содржината.

Напишано од

Борис Кузманов е поранешен автор на IT.com.mk, студент на ФИНКИ, придонесувач кон развојот на платформата за блогирање WordPress, автор на <a href="http://mk.wordpress.org/">mk.wordpress.org</a>, GNU/Linux и Android корисник, слободен софтвер ентузијаст, гик и нинџа.

Коментари

5 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top