Популарни iOS апликации сега се бесплатни за петгодишнината на App Store

во Совети

По повод петиот роденден на App Store, неколку одлични iOS апликации и игри сега се бесплатни за симнување. Од денес бесплатни се апликациите Day One, Over, Barefoot World Atlas и Traktor DJ, но и игрите Infinity Blade II, Superbrothers, Where is my Water?, Badland и Tiny Wings.

Цените на овие апликации досега се движеа од два до десетина долари со исклучок на Traktor DJ, апликација за DJ ентузијасти за која беа потребни дваесетина долари. За среќа, за разлика од поголемиот број најави или промоции кои се најчесто ексклузивни за САД, овојпат Apple ја сподели љубовта со целиот свет. Листата на бесплатни апликации се чини дека не е затворена, па до крајот на неделата можеби ќе има уште некое изненадување.

Ова е само почеток на прославата на Apple која според најавите ќе кулминира на 10 јули. Дата на која пред пет години и официјално се отвори првата продавница за апликации. На почеток со скромни 500 апликации, а сега една од причинитe за огромниот успех на Apple. За пет години бројот на апликации достигна 900.000, а бројот на преземања се приближува до 50 милијарди. Од тогаш бројот на „продавници“ за апликации постојано расне, а најголеми конкуренти на АppStore се Google Play и Windows Store.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments