0 коментари 2 мин. читање 8 јули, 2013

Вработените во ИТ компании се најмладите професионалци

Иако не е никакво изненадување дека во ИТ секторот најголем број вработени се млади мажи, анализата на PayScale покажува дека ретко кој друг сектор е блиску до младоста како што е ИТ индустријата, пишува New York Times.

Медијаната на вработените во технологијата е 35 години, што значи дека бројот на вработени помлади од 35 е еднаков со бројот на вработени кои се постари од 35 години. Дури 70 отсто од вработените се мажи, а за жените остануваат само 30 отсто од секторот. Интересно медијаната за сите сектори во САД е 42,3 години. Помлади од вработените во ИТ секторот се вработените во продавници за чевли и ресторани. Очекувано, компаниите со поголема традиција имаат и постари вработени, а тоа се Hewlett-Packard (41), IBM и Oracle (38), Dell (37), и Sony и Nokia (36). Најмлади компании се Epic Games (26), Facebook и Zynga (28), Google (29), а помлади од 30 се и Blizzard Entertainment, InfoSys и Monster.com.

Забележан е тренд дека компаниите кои сакаат да иновираат бараат помлади вработени кои се во тек со новите технологии. Па ако постарите генерации имат познавање од C# и SQL, генерациите кои доаѓаат знаат Python, друштвени мрежи и Hadoop, вели Кети Бардаро, главниот аналитичар на PayScale.

Истата студија покажува дека Amazon (без вработените во магацините) е најнапорната компанија за работа во САД. Половина од вработените во Amazon ја напуштаат работата по само една година. Веднаш за нив е Facebook со 1,1 година. Најдолго се задржуваат вработените во IBM, Intel и Oracle, во овие комании медијаната на должина на вработувањето е шест години.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top