Енди Рубин порано мислел дека Java API-јата се заштитени со авторски права

Avatar img-thumbnail img-circle

во Свет, Софтвер

Главниот програмер и ко-основач на Android платформата, Енди Рубин во имејл од 2006-та пишал дека java.lang API е заштитен со авторски права, но се чини дека тоа не му било важно да ги прекрши тие права, обвинуваат Oracle во втората недела од судењето во кое софтверскиот гигант го тужи Google за злоупотреба на 37 Java АPI-ja.

Адвокатите на Oracle се соочија со Енди Рубин кој беше повикан како сведок, покажувајќи му негови имејлови од 2005-та и 2006-та година во кои тој вели дека Google треба да започне партнерство со Sun Microsystems (креатор на Java кој подоцна ќе биде купен од Oracle) за користење на API-ja.

Cnet пренесува дека клучниот мејл кој привлекол најмногу внимание на судењето е тој од 24 март, 2006 година во кој Рубин велел дека не знае како ќе го отвори Java без помош на Sun. Енди Рубин им потврди на адвокатите дека тој со тоа мислел дека им е потребно дозвола од Sun Microsystems, но не и дека верувал дека кодот е заштитен со авторски права.

Г. Рубин ќе сведочи уште еднаш, но пред адвокатите на Google. Неговото сведочење е клучно бидејќи е главен програмер зад Android и ќе треба да објасни како тој ги разбрал лиценците и авторските права пред да ги искористи API-јата.

Претходно, ко-основачот на Google, Лери Пејџ, во своето сведочење изјави дека Sun и Oracle одбиле соработка со нив, па затоа морале да ги искористат „бесплатните делови“ од Java.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
Гостин
Гостин
11 years ago

Интересно како успеале од Oracle да дојдат до толку важни email пораки од Google?