Спонзорирано

Embedded дивизијата во Сеавус ќе работи за еден од најголемите производители на автомобилски компоненти

Спонзорирано од Seavus

во Спонзорирани

Тимот на Embedded дивизијата во познатата софтверска компанија Сеавус одговара на најважните прашања во врска со развојот и иднината на embedded системите, со посебен акцент на автомобилската индустрија.

Познатата меѓународна компанија за програмерски и консултантски услуги Сеавус, која е дел од  Арикома Групацијата, нуди широк спектар на софтверски производи, решенија и услуги, меѓу кои и embedded развој и програмирање. Работејќи на различни проекти и со долгогодишно искуство во развој на практични системи, луѓето на Сеавус имаат широка експертиза во многу области на развој на вграден хардвер и софтвер. Перцепцијата на компанијата за вградените системи се состои од робусност, безбедност и крајна стабилност во кои хардверот и софтверот коегзистираат во совршена синергија.

Тимот на Embedded дивизијата во Сеавус одговара на најважните прашања во врска со развојот и иднината на embedded системите, со посебен акцент на автомобилската индустрија.

Во тек е формирање на embedded тим кој ќе работи за еден од најголемите ОЕМ-и (производители на компоненти) во автомобилската индустрија. Може ли да споделите повеќе информации? За каков тим станува збор и кои ќе бидат секојдневните предизвици?

Станува збор за клиент кој што произведува автомобилски компоненти за најголем дел од водечките производители на автомобили во светот, како BMW, Mercedes, итн. Клиентот во своето портфолио има палета на производи кои што се вградуваат во сите класи на автомобили, почнувајќи од мали градски автомобили, до класата на луксузни автомобили. Нашиот тим ќе биде одговорен за развој на софтверски пакет, кој што овозможува интеграција на новите компоненти во самиот автомобил и коегзистирање со останатите компоненти кои се вградени од производителот. Ќе бидеме вклучени во сите етапи на развојниот процес, почнувајќи од прибирање и следење на барањата (requirements) и нивната спецификација, низ развој на самиот софтвер, до верификација дека поставените барања се задоволени.

Тимот ќе се состои од embedded инженери со различно ниво на експертиза. Ќе вклучува и embedded експерти на позиции како Technical Lead и Senior Developer, но истовремено ќе вклучиме и помалку искусни embedded инженери кои што ќе имаат можност да ја градат својата експертиза во полето на автомобилската индустрија. Во делот на испорака на решението кон клиентот ќе бидат вклучени и QA инженери кои што ќе се грижат за квалитетот и доверливоста, но и Technical Project Manager кој ќе биде одговорен за координација на целата активност и навремена испорака.

Каков профил на embedded инженери се потребни? Со искуство во автомобилска индустријаиндустрија?

Секако дека искуството во автомобилската индустрија е пожелно, но во овој случај нудиме можност да аплицираат и инженери кои немале прилика да работат во областа на автомобиската индустрија, а денес тоа го сметаат за предизвик. Минимум искуство кое го бараме кај кандидатите е познавање на embedded технологии и развој на софтвер за embedded уреди во Ц програмскиот јазик, со најмалку 3 години искуство во работа на комерцијални проекти. Како дополнителна предност се смета искуство во развој на софтвер кој вклучува контролни јамки, ПИД контрола, контрола на електро мотори (BLDC) и технологии од автомобилската индустрија (CAN bus, AUTOSAR, functional safety).

Што значи да се биде дел од Embedded дивизијата во Сеавус?

Како една од најстарите дивизии во Сеавус, Embedded дивизијата е воедно и најголемата ваква дивизија во Македонија. Дивизијата е распространета на повеќе локации и работи со интернационални клиенти. Спојот на работењето на хардвер и неговото програмирање и тестирање е она што ја прави единствена и различна од другите дивизии и тимови. Клиентите од автомобилската индустрија со комплетна доверба соработуваат со нашите тимови во еден од најпредизвикувачките проекти. Нашата долгогодишна експертиза привлекува клиенти како што се Rimac, Man, Volvo, ThyssenKrupp, и многу други. 

Дивизијата нуди индивидуален раст како embedded девелопер со постојано учење и поддршка од поискусните членови на тимот, како и од директната комуникација со клиентите. Човечките ресурси се најголемото богатство и капитал што го имаме и негуваме, па затоа тежнееме да обезбедиме одлични можности и атмосфера за нивниот професионален и личен раст.

Тимот што го градиме и проектот ќе донесат одлични можности за нашите девелопери да добијат експертиза во областа на автомобилската индустрија и поради тоа ги покануваме да аплицираат сите кои сакаат да бидат дел од тимот.

Линк за аплицирање: https://career.seavus.com/job-opportunities/itemid/632/embedded-team

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Напомена:

Ова е комерцијален ПР текст закупен од страна на Seavus . IT.mk не сноси никаква одговорност за текстот и неговата содржина. Доколку сте заинтересирани да објавите промотивен текст, испратете го на [email protected]
види ги сите огласи на kariera.it.mk