eMall е нова македонска е-продавница која, според основачите Столе Китановиќ и Костадин Стојчев, e поразлична од другите е-продавници поради концептот на „онлајн трговски центар“ кој овозможува на сите македонски корисници да продаваат продукти кои ќе им бидат испорачани од врата на врата. eMall нуди можност за брендовите да си отворат своја продавница, додека индивидуалните продавачи може да понудат продукти кои ќе бидат додадени во каталозите на сајтот.
„Онлајн трговијата во Македонија расте за околу 100% секоја година. Генерациите што растеа со Интернет веќе имаат платежна моќ што е уште еден фактор, кој со вистинските алатки може да ја стимулира е-трговијата и да придонесе за нејзино рапидно зголемување“, вели Столе.
Според него, еден од факторите кои се мотивира е-трговијата е можноста да им се даде на корисниците поголем избор на продуктите и локацијата од каде може да ги најдат тие продукти. Затоа концептот на eMall е да ги зближат корисниците и да ја поедностават трговијата со испорака од врата на врата која, низ цела Македонија, ќе чини 80 денари. На сајтот бизнис моделот е секако да земе мал процент од 5 отсто за електронската трансакција и налози, за возврат на бесплатна продажба.
[youtube]h0f7XUxDXxQ[/youtube]
Коментари
4 коментари
Коментарите се затворени.