Економската криза донесе вишок на чипови

Avatar img-thumbnail img-circle

во Вести

Годината ја започнавме со недостиг на чипови и логистички проблеми за достава поради карантините во Кина. Сега ја завршуваме со намален интерес за електроника кај купувачите и намалено производство на чипови.

Производителите за да ја задоволат побарувачката од почетокот на годината најпрво го зголемија производството. Падот на економијата и стравот од рецесија има влијание и во овој сектор, и интересот за електроника нагло се намали. Како последица на ова залихите на чипови се зголемуваат, а целата индустрија сега е во неизвесност. За да ги намалат загубите производителите го намалија и производството на чипови.

Ова за потрошувачите треба да значи дека сега може да најдат и да купат производи полесно и за пониска цена. Производителите од друга страна ќе мора да почнат со штедење. Дел од нив веќе започнале и со отпуштања, пренесе Wall Street Journal.

Во периодот на почетокот на КОВИД-19 пандемијата дел од опремата како слушалки или веб камери речиси постојано беше распродадена. Во еден период веб камери не можеа ниту да се пронајдат. Сега, сите уреди стојат подолго во продавниците. Ова е помалку и разбирливо со оглед на тоа дека за време на пандемијата, и работата од дома, сите купуваа опрема.

„Трупањето“ на производи предизвикува и намалување на цената. Производителите сакаат што е можно побрзо да ги продадат постоечките залихи и ја намалуваат цената на производите.

Најголемите производители Dell, HP, Intel, AMD се затечени од положбата на пазарот, а ниту самите не гледаат излез во скоро време. За да одржи каква-таква висина на цената на чиповите, AMD започна да испорачува помалку чипови отколку што се потребите. Слични обиди за одржување на цената имаат и производителите на лаптоп и десктоп компјутери.

Состојбата од пазарот за десктоп и лаптоп компјутери се пресликува и кај паметните телефони. Најголемите производители Apple, Samsung и Qualcomm ги коригираат проекциите за продажба. Ова се случува со сите производители. Минатата недела третиот најголем производител на паметни телефони, Xiaomi најави дека ќе го намали бројот на вработени.

Сепак, очекувањата се дека поголемото производство од потребите на пазарот, ќе биде краткотрајно. Очекувањата се дека до 2030 година потребата за чипови ќе се удвои, а за да се произведе оваа бројка ќе мора да се инвестира во нови капацитети.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk