0 коментари 2 мин. читање 27 декември, 2022

Создавајте десктоп позадини со икони од Minecraft

Популарноста на Minecraft е повеќе од очигледна и многу фанови на играта бараат начини да имплементираат елементи од неа и со украсување на десктоп површината. Еден таков проект е WallCraft – веб сајт кој ви дозволува да искористите икони и дизајни од Minecraft за да создадете визуелно впечатливи шаблони кои подоцна ги користите за создавање позадини, банери и слични креативни проекти.

Со посетување на Wallcraft избирате на кој начин да се прикажуваат иконите и дизајните од Minecraft. На располагање имате бројни елементи кои се вметнуваат во позадината со само еден клик. Со оглед на огромната бројка, имате на располагање и енџин за пребарување. Откако ќе создадете некоја позадина, избирате во која резулуција да се преземе. Доколку не сте сигурни за резолуцијата, од паѓачкото мени одбирате форматот на позадината за која направа да е идеален. Со кликнување на Save Pattern, позадината се презема и лесно можете да ја наместите за вашата направа.

Во случај да не сакате вие да креирате, на располагање имате бројни претходно осмислени шеми од креаторите.

Avatar photo
Напишано од

Мартин Јованчевски

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top