Captain Blood: Враќањето на пиратската легенда

Captain Blood е акциона игра со пиратска тематика која ве става во улога на бестрашниот пиратски капетан кој не сака ништо освен злато и слава. Оваа hack’n’slash авантура се одликува со непресушни и интензивни битки. На копно или море, константно ќе бидете опкружени од топовски оган, пукотници од пиштоли, борби со мечеви и бројни лични ликвидации од кои крвтта фрчи на сите страни.

На Captain Blood се работеше во неколку наврати во текот на 2000-тите. Последен пат беше претставена во 2010 година. Од неодамна, играта се врати на голема врата, комбинирајќи ја својата оригинална визија со современи подобрувања кои се наменети за денешната гејмерска публика.

Во срцето на Captain Blood лежи динамична борба одблиску, каде константно се соочувате со навалица од непријатели. Системот на борба е доволно динамичен за да ве пријатно импресионира со бројните комбо напади и епски завршни удари. Арсеналот кој ви стои на располагање е разновиден и вклучува сабји, пиштоли, мускети, ножеви за фрлање и рачни бомби. со можност за привремено користење на оружјата од паднатите непријатели. Captain Blood се одликува со уникатен уметнички стил кој потсетува на графичка новела или стрип. Оваа шаренолика визуелна презентација е во контраст со исклучително насилниот приказ на битките, каде крвта прска на сите страни и остава траги на екранот. За пофалба е разновидноста на елиминациите, кои нудат различни анимации во зависност од комбинацијата на притиснати копчиња.

Покрај движење до точка А до точка Б и уништување на се што ќе се најде на ваш пат, ќе можете и да се впуштате во жестоки битки на палубите на бродовите, каде ќе може да ги користите бродските топови за да уништуваат непријателски бродиво. Паралелно со ова, потребно е да се браните од непријателите кои неуморно се искачуваат на вашиот брод.

Целиот систем не е лош, но јасно е дека е застарен, особено кога ќе се спореди со модерните игри. Иако ни се допаднаат бројните комбо движења, како и завршните удари, се станува брзо видено и добри две третини од играта ги поминувате гледајќи едни исти анимации.

Не помага ни тоа што имате исклучително ограничени типови од непријатели кои реагираат на едни исти предвидливи начини. Особено светла, но крајно предизвикувачка точка беа судирите со босовите. Секој од нив беше направен на интересни начини, чии механики еволуираа низ неколку фази и често вклучуваат QTE (Quick Time Event) секвенци.

Прогресијата во играта е поврзана со собирање на злато. Во кој било момент, златниците можат да се искористат за надградба на борбените вештини и за надградба на вашата опрема. Златото го собирате од уништените непријатели, но и преку истражуањето на малите и релативно линеарни мапи кои кријат скриени ковчези со богатство. На овој начин, суптилно се охраврува привременото застанување и проверување на задскриените места.

Приказната, иако можеби не е централен фокус, е проследена со чести и интересни меѓу-секвенци кои успешно пробудија пријатни носталгични чувства, враќајќи не неколку децении наназад.

Captain Blood е возбудливо враќање на еден речиси заборавен наслов, нудејќи интензивна акција, разновиден борбен систем и специфичен визуелен идентитет. Со можноста за надградба на ликот и оружјата, како и со предизвикувачките битки на копно и море, играта има потенцијал да ги привлече љубителите на пиратски авантури и hack’n’slash жанрот. Доколку немате проблем со игри кои припаѓаат на едно друго доба, играта отвора порти кон забавно и крваво патување низ златната ера на пиратеријата.

Повеќе детали за играта

  • Произведува: Seawolf StudioGeneral Arcade
  • ИздаваSNEG
  • Жанр: авантура
  • Платформа: Microsoft Windows, конзоли
  • Излезена на: 6 мај 2025

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments