Асоцијацијата за е-трговија на Македонија (АЕТМ) заедно со Царинската управа на Ребулика Македонија и DHL, организираат едукативна работилница каде што сите заинтересирани е-трговци ќе може да дознаат повеќе за царинските постапки директно од претставници на Царинската управа.
Едни од главите предизвици со кои се соочувате или може да се соочите се царинските и административните процедури, а да не ги заборавиме и високите цени на извоз кои може да ја намалат конкурентноста. Доколку се занимавате со е-трговија и сакате да ги продавате своите производи на странски пазар, ова е настанот за вас.
На настанот ќе може да дознаете повеќе за тоа:
- како да продавате-извезувате надвор од Македонија?
- кои се поедноставените постапки на Царинската управа
- како се врши увоз и извоз
- како да направите поврат на ДДВ
- како да ги минимизирате трошоците за испорака
Од АЕТМ велат дека резултатите од анкетите ги посочуваат административните пречки и царински процедури како главна проблематика за македонските е-трговци, како и високата цена за царински процедури, која влијае и на цената на производот, а со тоа ја намалува конкурентноста на истиот. Токму затоа и потребата од организација на еден ваков настан.
Програмата за работилницата е следна:
- Обраќање на Јован Деспотовски – директор на Фонд за иновации и технолошки развој
- Обраќање на Нина Ангеловска – Претседател на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија
- Презентација: Златко Ветеровски – Помошник директор на Сектор за царински систем
- Презентација: Офелија Бајо – Началник на Одделение за царински и даночни постапки.
- Презентација: Марина Антова – Sales Supervisor DHL Express Macedonia
Настанот ќе се одржи на 13 септември (четврток) во просториите на Фондот за иновации и технолошки развој во почеток во 15:00 часот.
Учеството е бесплатно, но задолжително е да се регистрирате на следниот линк.
За повеќе информации следете го Facebook настанот.
[…] […]