InstaPDF е одлично решение за скенирање документи со вашиот iPhone

0 коментари 1 мин. читање

Во ситуации кога сакате брзо дигитално скенирање со неограничено складирање на облак, нема подобро решение од InstaPDF. Благодарение на алатката, iPhone корисниците можат да скенираат документи независно од ситуацијата и на крајно флексибилен начин. Секој скениран документ може автоматски да се постави на облак. Апликацијата одлично ја детектира и скенира страната, а лесно можете да скенирате и повеќе страни и да ги поставите истите како еден PDF фајл.

Во моментот кога ќе скенирате и поставите одреден документ, можете да му го менувате насловот, да вметнувате тагови, да отсечете непотребни делови или да наместите филтри. Некои од филтрите се исклучително корисни и ви дозволуваат да го прикажете само текстот од документот, да го направите црно-бел, или да ја подобрите бојата, односно квалитетот на скенираното.

На многумина корисници на iPhone особено им се допаѓа можноста да ги заштитат документите и со лозинка. На тој начин, наметнувате дополнителен слој безбедност кога споделувате чувствителни документи. InstaPDF ви дозволува и да оставате коментари, како и да потпишувате документи.

Авторот на овој текст нема iPhone и утеха бара со подеднакво корисните апликации како Genius Scan и Scanbot. Која било од овие Android апликации врши одлична работа за брзо и олеснето скенирање и управување со документи.

Напишано од

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Мени
Заедница
Изглед
To top