Со е-иницијатива до поефикасно и подемократско Кочани

Кочани треба и може да биде поефикасен и подемократски град во кој граѓаните и властите слободно ќе комуницираат за идеите како да се креира подобра општина, велат Тоше Зафиров и Иван Ивановски од Komarec.com.mk. Oвој локален кочански портал ја стартува „Е-иницијативата за поголема демократија и поефикасно општина“ со која сака да ги мотивира граѓаните да предлагаат идеи за подобра општина преку електронски пат. Тие идеи ќе бидат документирани на сајтот за да може и самите граѓани да најдат решение, и ќе бидат испраќани до властите кои ќе треба да реагират.

„Целта ни е граѓаните, и посебно помладите, да бидат поактивни и да ја прифатат општествената одговорност и директната демократија. Сакаме да ги мотивираме да споделуваат идеи и да бидат свесни за владеењето во градот.“, вели Тоше.

(Тоше Зафиров и Иван Ивановски)

Но, за разлика од претходните вакви проекти, како мобилната апликација Поправи.мк на која властите не обрнаа внимание, Komarec.com.mk ќе го искористи законот за да изврши притисок врз локалниот градоначалник. Конкретно тие ќе се повикаат на Законот за локална самоуправа (.pdf), член 29 за претставки и предлози, градоначалникот мора да создаде услови за доставување предлози и мора во рок од 60 дена да достави образложен одговор. Доколку не се во негова надлежност, тогаш мора да ги препрати тие предлози до надлежните органи.

Одговорите на граѓанските предлози, тимот зад Komarec.com.mk ќе ги објавува на секои три или шест месеци со што ќе создаде транспарентна платформа за континуиран дијалог помеѓу граѓаните и властите.

„Ваквиот начин е дефиниран како директна демократија преку е-иницијатива користејќи го интернетот и друштвените мрежи. Сметаме дека секојдневните проблеми на граѓаните се најсуштински и секако решливи, со нашиот проект сакаме да ги поставиме на приоритетната листа на општинската администрација.“

Но, оваа иницијатива е само почеток на поамбициозен проект. Порталот во следниве години ќе биде таканаречен „watchdog“ на општинските проекти и буџетот, односно ќе известуваат детални извештаи за што се трошат парите на граѓаните во општината.

Доколку имате идеја за подобро Кочани слободно кликнете на сликата подолу.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments