Две македонски Android игри кои ги учат децата да бојат и бројат

0 коментари 1 мин. читање

CocoBoard и MickeysJuniorMathMK се две едукативни игри, направени од Милан Димовски, кои се наменети за најмалите корисници. Првата апликација, CocoBoard наликува на старите мозаик играчки кои овозможуваат најмладите да се забавуваат притоа креирајќи мозаик од бои. Апликацијата од лева страна доаѓа со палета од седум бои кои ќе ги употребува, а по креирањето на „мозаикот“ може сликата да се зачува. Целта на CocoBoard е да ги натера децата да креираат различни компзиции од бои. Играта може да биде забавна за децата, но резоцијата од 150 квадрати не овозможува премногу простор за детали, иако ова се чини разбирливо со оглед на големината на екраните која е на располагање.

Другата апликација, MickeyJuniorMathMk, е апликација со бројки со која децата можат да решаваат математички задачи, да пишуваат бројки, да бројат, редат, собираат, делат… Апликацијата е прилично едноставна за користење, но сепак е наменета за деца од 6 до 9 години.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top